Ѓоковиќ го шокираше светот: Бев отруен со жива и олово пред депортацијата од Австралија

Ниту по три години, Новак Ѓоковиќ не ги заборави настаните од 2022 година, кога беше депортиран од Австралија и спречен да учествува на Австралија опен поради невакцинација против коронавирусот.

Пандемијата беше главна тема ширум светот во тоа време, а случајот на Новак привлече глобално внимание.

Пред да биде депортиран, српскиот ас помина неколку дена затворен во хотел со мигранти во Мелбурн, познат по лошите услови.

Ѓоковиќ во неколку наврати потенцираше дека таму го третирале лошо и дека се уште верува дека го отруле со храна.

„Навистина ми се слоши. Но, откако поминаа неколку дена откако едноставниот вирус толку ме потресе, лекарскиот тим дојде да ме провери во мојот стан. Ова се случи неколку пати, а потоа направив токсикологија. Кога дојдов дома, имав здравствени проблеми и сфатив дека сум отруен со храна во тој хотел во Мелбурн, никому не му кажав за ова јавно, но кога се вратив во Србија открив дека имам високо ниво на олово и жива во мене“, рече Ѓоковиќ.

Се вчитува...