Ѓоковиќ го „спакува“ Бугаринот Димитров во Рим за 1050 победа во кариерата

Новак Ѓоковиќ се пласираше во осминафиналето од АТП турнирот во Рим откако славеше со 2-1 во натпреварот против бугарскиот тенисер Григор Димитров.

Српскиот тенисер првиот сет го доби со 6-3, а откако Димитров возврати со 6-4 во вториот сет во кој имаше негатива од 4-2, Ѓоковиќ без проблеми славеше со 6-1 во одлучувачкиот сет за забележување на 1050 победа во кариерата.

Се вчитува...