Ѓоковиќ го збриша Беретини на стартот на АТП финалето во Лондон

Младиот италијански тенисер Матео Беретини немаше никаква шанса во пресметката со Новак Ѓоковиќ која го отвори јубилејното 50-то изднаие на завршниот турнир во годината. Српскиот тенисер забележа експресна победа во два сета за која му беше потребен само еден час.

Во првиот сет, Ѓоковиќ загуби два гема додека во вториот му препушти на Беретини само еден гем. Србинот во Лондон ја брка шестата титула додека конечниот резултат му е важен и поради битката за првото место на АТП листата со Рафаел Надал.

Во вториот дуел од оваа група „Андре Агаси“, Роџер Федерер вечер ќе се соочи со Доминик Тим. Мечевите од првото коло втората група наречена „Бјорн Борг“ се закажани за утре.

 

 

Се вчитува...