Светскиот тенисер број 2 и еден од најголемите фаворити за титулата на УС Опен, Новак Ѓоковиќ се пласираше во 1/2 финалето на Грен слемот, откако го елиминираше американскиот тенисер Тејлор Фриц со 3-0 (во сетови 6-1, 6-4 и 6-4).
Србинот одлично го почна мечот, дојде до 2-0, потоа Фриц само успеа да намали и тоа на сервис на Ѓоковиќ, за потоа Ноле веднаш да го врати брејкот, и да дојде до 6-1.
Во вториот сет Ѓоковиќ уште во третиот гем направи брејк, а потоа ги освои сите на свој сервис за да го добие сетот. Далеку поинтересно беше во третиот сет, каде што Ѓоковиќ направи брејк, па потоа Фриц врати со брејк, па повторно Ѓоковиќ дојде до предност на сервис на противникот за 5-4, и на крајот на свој сервис до поен за конечни 6-4.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

