Ѓоковиќ горд: Ова ми е најголем спортски успех во животот

Новак Ѓоковиќ не ја криеше гордоста по неверојатниот успех, откако Србинот на 37-годишна возраст стигна до своето прво олимписко злато, комплетирајќи ја на тој начин својата огромна колекција од трофеи.

Тој за противник денеска го имаше Карлос Алкараз, Шпанецот одигра извонредно, но Ѓоковиќ беше најдобар кога беше најважно, па со два победнички тајбрејка стигна до посакуваната победа.

„Не знам што да кажам, во шок сум од сето она што се случи… Оној убедлив пораз на Вимблдон од него многу ми помогна, ментално бев подготвен, знаев дека не можам да минам полошо од тој меч. Играв најсилно што можев, тој удираше силно по топчето, јас возвраќав со иста мера, се од таа желба да стигнам до златото… Пресреќен сум што донесов злато на Србија, ова ми е најверојатно и најголемиот спортски успех во животот“, изјави Ѓоковиќ.

Се вчитува...