Новак Ѓоковиќ уште еднаш го покажа феноменалниот победнички карактер откако по голема битка успеа да слави над Американецот Тејлор Фриц со 3-2 во сетови и да се пласира во третата рунда од Австралија Опен.
И кога се чинеше дека победата ќе биде максимална, Ѓоковиќ почна да се мачи со повредата на колкот, што го оневозможи да се движи онака како што посакува по теренот. По натпреварот изјави дека можеби има и скинат мускул и не знае дали ќе игра со Раониќ.
„Големо олеснување што се провлеков во ваков натпревар. Тежок меч за мене. Еден од најдобрите моменти во мојата кариера. Не сакам да заборувам за повредата, за болките. Луѓето не сфаќаат низ што поминуваш на теренот кога имаш вакви проблеми. Во својата глава водев дебата дали да се откажам бидејќи не можев да се движам како што треба. Единствена шанса за мене беше добро да сервирам. На крајот се беше подобро во петтиот сет. Многу сум горд на себе, но сум загрижен мислам дека можеби и пукна мускул. Немам убаво искуство со кинење на мускулите. Не знам дали ќе можам да излезам на терен за два дена“, изјави Ѓоковиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

