Ѓоковиќ губеше во првиот сет, па се разбуди за ново 1/4 финале на Вимлбдон

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ го совлада Алекс де Минор во 1/8 финалето на Вимлбдон, и се пласираше во следната фаза. Србинот славеше со 3-1, во сетови 6-1, 3-6, 4-6, 4-6.

Првиот сет убедливо му припадна на Австралиецот. И кога се чинеше дека ја има контролата, следуваше целосно „будење“ на Ѓоковиќ кој ги доби вториот и третиот сет. Во четвртиот Де Минор имаше предност 4-3 и сервис за 5-3, но Ѓоковиќ успеа да му земе брејк, потоа уште еден, за да го сврти целосно мечот во своја корист и на крајот да дојде до победа.

Ѓоковиќ во битката за полуфинале ќе се сретне со Коболи од Италија, кој претходно го елиминираше Марин Чилиќ.

Се вчитува...