Ѓоковиќ и Алкараз напредуваа, Медведев и понатаму прв на АТП листата

На најновата АТП листа Новак Ѓоковиќ напредуваше за едно место и покрај тоа што не играше минатата недела. Тој и Каспер Руд ја сменија позицијата поради многу лошиот настап на Норвежанецот кој го пропушти турнирот во Кицбил каде бранеше 250 поени од 2021 година.

Руд на тој начин загуби 205 поени, а Новак го мина бидејќи сега има 95 поени повеќе од Норвежанецот. Ова не е единствената промена во првите десет. Карлос Алкараз го замени Стефанос Циципас на четвртата позиција иако загуби во финалето на Умаг.

Прв и понатаму е Данил Медведев, втор Зверев, а трет Рафаел Надал.

1. Данил Медведев 7625

2. Александар Зверев 6850

3. Рафаел Надал 6165

4. Карлос Алкараз 5035

5. Стефанос Циципас 5000

6. Новак Ѓоковиќ 4770

7. Каспер Руд 4685

8. Андреј Рубљов 3575

9. Феликс Оже-Алијасим 3445 г

10. Јаник Синер 3395

Се вчитува...