Ѓоковиќ и Алкараз одиграа драматичен меч пред Мастерсот во Париз (ВИДЕО)

Новак Ѓоковиќ и Карлос Алкараз одиграа пријателски меч во пресрет на утрешниот старт на АТП Мастерсот во Париз.

Победата ја однесе српскиот тенисер со 7-6(3) во дуелот кој послужи чисто како подготовка за Мастерсот.

И двајцата претходно тренираа заедно во текот на денот, разменувајќи свои мислења и совети околу подготовката за турнирот, а притоа одлучувајќи да одиграат и еден сет кој на крајот му припадна на Ѓоковиќ.

Новак во раната фаза на овој спаринг дуел направи брејк, за да во осмиот гем Алкараз ја искористи третата брејк шанса за да израмни. Потоа во тај-брејкот Ѓоковиќ беше поуспешен.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Reketiranje (@reket.iranje)

Се вчитува...