Најдобриот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ успешно ја мина првата пречка, на воведниот АТП мастерс 1000 турнир во 2026 година кој традиционално се игра во американски, Индијан Велс.
Србинот на турнирот во пустината во второто коло славеше над Полјакот, Камил Мајчржак со 2-1, по сетов 4-6, 6-1 и 6-2. Иако го загуби воведниот сет, Ѓоковиќ потоа издоминира и стигна до нова победа на АТП турнејата. Во 3. коло популарниот Ноле за противник ќе го има домашниот тенисер Александар Ковачевиќ.
Лесно до третото коло стигна и најдобриот тенисер моментално во светот, Карлос Алкараз кој беше подобар од Бугаринот, Григор Димитров со максимални 2-0, по сетови 6-2 и 6-3. Шпанецот во третата рунда за противник ќе го има Французинот, Артур Риндеркнеш.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

