Ѓоковиќ и Алкараз во иста група на завршниот турнир во Торино

Познати се групите за завршниот АТП турнир во Торино, а Новак Ѓоковиќ и Карлос Алкараз се најдоа во групата „Џими Конорс Група“ заедно со Тејлор Фриц и Алекс де Минор.

Ѓоковиќ се уште го нема потврдено учеството во Торино, тој рече дека ќе одлучи по турнирот во Атина каде денеска ќе го игра четвртфиналето со Нуно Борхес.

Во групата „Бјорн Борг“ играат Јаник Синер, Александар Зверев, Бен Шелтон и најверојатно Феликс Оже-Алиасим. Наместо Феликс таму може да биде Лоренцо Музети, но само доколку го освои турнирот во Атина.

Турнирот е закажан од 9 до 16 ноември.

Се вчитува...