Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ и шестиот тенисер на АТП листата, Кевин Андерсон ќе играат во финалето на егзибицискиот турнир во Абу Даби.
Ѓоковиќ во полуфиналето славеше лесно во два сета против Русинот Карен Хачанов со 6-4,6-2.
„Сега во финалето посакувам квалитетен тенис со Андерсон. Противник од Топ 10, значи не може да биде подобро. Се надевам на добар меч“ – истакна Ѓоковиќ по денешното полуфинале.
Финалето во Абу Даби се игра утре од 16 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА