Ѓоковиќ и дефинитивно нема да игра на Мастерсот во Монтреал

Новак Ѓоковиќ го откажа настапот на АТП 1000 турнирот во Монтреал кој стартува седната недела. Српскиот ас чекаше да види како ќе помине на дуелот со Рафаел Надал, за да одлучи дали ќе игра на следниот Мастерс 1.000.

Неколку часа по триумфот против Шпанецот, Ѓоковиќ испрати порака до организаторите на Канадскиот опен, во која потврди дека поради згуснатиот распоред нема да може да биде дел од овој турнир.

Ѓоковиќ четири пати освојуваше титули во Канада, последен пат во 2016 година, но поради незгодниот тајминг често го прескокнува ова натпреварување.

Се вчитува...