Ѓоковиќ и Иванишевиќ повторно заедно на Вимблдон

Новак Ѓоковиќ ги продолжува подготовките за Вимблдон, овој пат спарингувајќи со грчкиот тенисер Стефанос Циципас.

Тоа беше и можност за Новак да го види повторно својот поранешен тренер Горан Иванишевиќ, кој од неодамна соработува токму со Стефанос.

Ѓоковиќ и Циципас тренираа попладнево на еден од помошните терени на „Ол Ингланд Клуб“.

Ждрепката за Вимблдон е закажана за в петок во 10 часот, грандслем турнирот започнува на 30 јуни.

Се вчитува...