Новак Ѓоковиќ престојот во Соединетите американски држави го заокружи со присуство на натпреварот помеѓу Лос Анџелес Лејкерс и Голден Стејт Вориорс на кој Стеф Кари го предводеше својот тим до победа во Лос Анџелес, а потоа имаше и средба со рекетот бро еден.
Србинот и Американецот заменија и поклони со тоа што Кари доби потпишан рекет, а Ѓоковиќ за возврат го доби носениот дрес на Кари од натпреварот со потпис на грбот.
Curry x Djokovic 🏀🎾 pic.twitter.com/IGqLraurlI
— NBA (@NBA) March 17, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

