Ѓоковиќ и Кирјос поразени во двојки во Бризбејн

Најдобриот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ и неговиот партнер Ник Кирјос загубија во игра на двојки во второто коло на АТП турнирот кој се игра во австралискиот град, Бризбејн.

Во 1/8 финалето на турнирот во Бризбејн Ѓоковиќ и Кирјос загубија од хрватско/новозеландскиот пар, Никола Мектиќ и Мајкл Венус, со 2-1 по сетови 6-2, 3-6 и 10-8.

Ѓоковиќ на овој турнир настапува и во сингл конкуренција каде утре ќе игра против Гаел Монфилс.

Се вчитува...