Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ пристигна во Мелбурн пред почетокот на Австралија опен. Новак годината ја започна во Бризбејн, каде беше поразен од Рајли Опелка.
Според претходен договор, новиот тренер на српскиот ас, Енди Мареј е „резервиран“ за првиот гранд-слем сезонава, каде што се појави на првиот тренинг на Ѓоковиќ по неговото доаѓање.
Официјалните канали на Австралија опен споделија видео од тренингот, каде што може да се видат делови од почетокот на соработката на двајцата големи пријатели.
Австралија опен се игра од 12. до 26. јануари.
What we have all been waiting for…
Andy Murray has arrived in Melbourne to begin his partnership with Novak Djokovic 🤝#AO2025 pic.twitter.com/sk8tf4CwiM
— #AusOpen (@AustralianOpen) January 7, 2025
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА