Новак Ѓоковиќ и Енди Мареј, неговиот тренер ја продолжуваат соработката, пренесува англискиот медиум „Тајмс“. Некогашните големи ривали, а сега соработници ќе останат заедно и за следните грен-слема Ролан Гарос и Вимблдон.
Србинот и Британецот на големо воодушевување на навивачите ја започнаа соработката во ноевмри. Првиот грен-слем заедно го имаа на Австралија Опен кога најдобриот тенисер на светот стигна до полуфиналето, но мораше да го предаде мечот против Зверев поради повреда.
По турнирот Ѓоковиќ и Мареј и самите не го криеа задоволството од соработката која ќе продолжи и во следниот период.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

