Ѓоковиќ и Меџедовиќ донесоа опстанок на Србија

Тениската репрезентација на Србија успеа да триумфира на дуелот со Грција со 2-1 во победи и да обезбеди опстанок во елитнто друштво од Дејвис-купот.

Во главна улога очекувано беше Новак Ѓоковиќ, кој славеше во вчерашниот сингл над Ксилас со 6-0, 6-1, за денеска во дубл со Хамад Меџедовиќ да триумфира и над Петрос Циципас и Аристотелис Танос со 2-1 во сетови.

Српскиот дубл се соочи со неочекувани проблеми откако Грците славеа со 3-6 израмнувајќи на 1-1 во сетови, но Ѓоковиќ и Меџедовиќ сепак останаа фокусирани во решавачкиот сет, триумфирајќи со 6-3 за резултат кој значеше опстанок на Србија во светската тениска репрезентативна елита.

„Благодарност до сите вас кој дојдовде овде за да ни дадете поддршка, тоа многу ни значи. Хамад заслужи огромен аплауз за борбеноста и за сталоженоста кога се кршеше резултатот. Тој го носеше нашиот тим, тој е најзаслужниот за оваа победа. Говорам без лажна скромност, секоја чест Хамад, за начинот на кој се однесуваше кога беше најважно“, го пофали Новак Ѓоковиќ својот дубл-партнер по значајната победа.

Се вчитува...