Ѓоковиќ и Надал ќе играат хуманитарен меч во Казахстан

Најдобрите тенисери во светот Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал на 24. октомври ќе играат хуманитарен натпревар во Казахстан. Мечот ќе се игра во мултифункционалната „Барис арена“.

„Цел приход од продажбата на влезниците ќе биде проследен во добротворни цели“, соопштија од Националниот олимписки комитет на Казахстан. 

Српскиот тенисер неодамна на Вимблдон го освои 16. грен-слем во кариерата, додека Надал има два повеќе.

Се вчитува...