Повеќе од четири илјади бода е предноста што Новак Ѓоковиќ ја има во однос на второпласираниот на АТП листата, Рафаел Надал. Српскиот тенисер и натаму суверено го предводи светскиот ранкинг на најдобрите тенисери. Роџер Федерер пак пропушти прилика да се пробие на вторто место, но за тоа му беше потребен триумф на Вимбдон. Швајцарецот заостанува 485 бода зад Надал.
На листата објавена денеска промени нема се до седмата позиција на АТП листа, меѓу десетте најдобри се проби Данил Медведев, додека полуфиналистот од Вимблдон, Роберто Баутиста-Агут направи најголем скок и сега е на 13. позиција.
Освојувачката на трофејот на лондонскиот грен-слем, Симона Халеп се врати на четвтрата позиција на ВТА листата. Таа во измнатите две седмици собра вкупно 1870 бода и затоа има најголем напредок. Ешли Барти останува лидерка, пред Наоми Осака и пред Каролина Плишкова. Разликате меѓу водечките три не е голема, Барти има 6605, Осака 6257, а Плишкова 6055.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА