Ѓоковиќ и Пике прават револуција во тенисот!?

Некогашниот светски рекет број 1, Новак Ѓоковиќ, заедно со ѕвездата на Барселона, Жерар Пике се обидуваат да наметнат ново национално натпреварување во тенисот. Станува збор за формирање на турнир „Светски куп“, поточно да го вратат ова натпреварување кое престана да се одржува во 2012 година, и со тоа да се назначи како „нов“ национален шампионат во тенис.

Пике, кој е голем љубител на тенисот, овие револузионерни идеи се обиде да ги презентира на АТП федерацијата минатата година, но по неуспешни обиди сега заедно со Ноле ќе се обрати на Светската тениска федерација со цел да ги присвојат нивните симпатии.

Планот на тенисерот и фудбалерот е да доведат кинески инвеститори, односно спонзори за ова натпреварување, додека самиот шампионат ќе има буџет од 30 до 40 милиони евра. Купот би се одржувал на азиско тло, а во двонеделното такмичење би учествувале од осум до 16 национални тимови.

Ова практично би значело и револуција на Дејвис купот, кој со текот на годините го губи својот сјај и желба за натпреварување од страна на големите тениски ѕвезди, а со Светскиот куп се надеваат дека ќе го врата престижот и воедно ќе овозможат судир на најдобрите тенисери од светот бранејќи ги своите национални бои.

Се вчитува...