Новак Ѓоковиќ се уште ја бара вистинската форма во обид да се врати во победнички ритам. Во подготовките за претстојниот настап на Мастерс турнирот во Рим, друштво му прави неговата стара пријателка, Марија Шарапова.
Русинката исто така во повратничка фаза кон врвот на светскиот тенис. По 18-месечната пауза поради допинг, Шарапова неодамна се врати на тениските терени на турнирот во Штутгарт, но јавноста и нејзините колешки не беа многу пријателски расположени кон Русинката.
На тренинзите во Рим, на Ѓоковиќ и на Шарапова друштво им прави и Чехот Томаш Бердих.
Ѓоковиќ лани стигна до финалето во Рим во кое беше поразен од Енди Мареј. Србинот ќе се обиде годинава да ја освои титулата во Италија за да се приближи одново до врвот на АТП листата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА