Ѓоковиќ или Надал? – Сите можни сценарија околу борбата за врвот на АТП

Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ водат битка за првото место на АТП листата на крајот на 2019 година. По вчерашниот пораз од Доминик Тим, доколку Ѓоковиќ сега сака да ја заврши годината како број 1 мора да го победи Федерер во четврток, а потоа и да обезбеди финале на завршниот Мастерс, а Рафаел Надал до крајот да не победи ниту на еден меч.

ЃОКОВИЌ ЈА ЗАВРШУВА ГОДИНАТА КАКО БРОЈ 1: 

– Да го освои завршниот турнир, а Надал да не се пласира во финале

– Да се пласира во финале, а Надал до крај да не победи на ниту еден меч

НАДАЛ ЈА ЗАВРШУВА ГОДИНА КАКО БРОЈ 1: 

– Ја освојува титулата во Лондон

– Се пласира во финалето, со две победи во групата

– Се пласира во финале со една победа, а Ѓоковиќ не го освои турнирот

– Победи на еден меч, а Ѓоковиќ не го освои турнирот

– Не победи на ниту еден меч, а Ѓоковиќ не се пласира во финале

Надал денеска го очекува тежок меч против Данил Медведев, додека Ѓоковиќ утре игра против Роџер Федерер.

Се вчитува...