Новак Ѓоковиќ одигра нов неверојатен меч и го совлада Јаник Синер за пласман во големото финале на Австралија Опен.
Српскиот тенисер не го криеше задоволството по победата, а посебно им се заблагодари и на „експертите“ кои предвреме го пратија во пензија.
„Никогаш не престанав да верувам во себе. Многу луѓе се сомневаа во мене. Гледам дека одеднаш се појавија многу „стручни лица“ кои сакаа да ме пензионираат или тоа веќе го направија во последните години.
Сакам да им се заблагодарам бидејќи ми дадоа сила и мотивација да го докажам спротивното, тоа што го направив оваа вечер. За мене ова не е изненадување. Знам за што се сум способен“, изјави Ѓоковиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

