Најдобриот тенисер на сите времиња продолжува со слабите резултати сезонава откако загуби на стартот на АТП мастерсот од серијата 1000 во Монте Карло.
Србинот во второто коло во кнежевството загуби од Александер Табило од Чиле со максимални 2-0, по сетови 6-3 и 6-4.
По мечот им се извини тој на сите што морале да ја гледаат неговата катастрофална партија.
„Ова беше еден многу лош ден. Се надевав дека ова нема да се случи, но имаше голема веројатност да играм вака. Страшно. Страшно е чувството да се игра вака и им се извинувам на сите што мораа да го гледаат ова“, изјави Ѓоковиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА