Ѓорѓе Ѓоковиќ, братот на славниот српски тенисер Новак Ѓоковиќ одигра значајна улога во ново формираниот кошаркарски проект „КК Дубаи“ кој во новата сезона доби и „зелено светло“ да заигра во АБА лигата. Тој го „склопи“ тимот носејќи проверени кошаркари за што подобро претставување во дебитнтската сезона на европското тло, но тој нема да биде дел од раководството на тимот.
Причина за тоа е што арапските инвеститори не сакале со нивните финансии да раководи некој кој доаѓа од Европа, пренесуваат европските медиуми.
Така Ѓоковиќ доби отказ, а неговата позиција на директор и потпретседател на клубот во иднина ќе ја врши Селем бин Дасмал, интересно и самиот поранешен тенисер кој денеска е успешен бизнисмен.
Со заминувањето на Ѓоковиќ од тимот не се менуваат клупските амбиции кои и понатаму се место во Евролигата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА