Ѓоковиќ им врати на „хејтерите“: Еве зошто навивам за Хрватска…

Изјавата на Новак Ѓоковиќ дека на ова СП навива за Хрватска придонесе тениската суперѕвезда да добие жестоки критики во својата татковина. Сепак, Ѓоковиќ не би бил она што е доколку не остана цврсто на својот став. Тој објави фотографија од мечот Русија – Хрватска со порака „Ајмо Ватрени“, јасно ставајќи до знаење за кого навива, а потоа и со долга порака објасни зошто во спортот нема простор за национализам.

„Постојат спортски вредности крај кои сите растеме. Секако, секој различно се однесува кон нив, бидејќи многу е важно влијанието на средината во која сте израснале и во која живеете, околината во која работите и влијанието на луѓето кои се околу вас, како и образованието со кое сте се стекнале.

Тоа навистина се фактори кои влијаат кон нив, но истовремено постојат и некои универзални спортки вредности кои сите ги препознаваме – фер-плеј, почит кон ривалот, кон спортските правила, посветеност, давање на максимумот на спортските терени.

Спортот зборува на „универзален јазик“, ги брише границите меѓу луѓето, ги надминува разликите во раса, националност и вероисповед, тоа е она што ги привлекува луѓет кон спортот. Затоа луѓето од сите генерации, а особено оние помладите, гледаат кон спортистите како на идоли, бидејќи тие минуваат низ искушенија, се жртвуваат, и низ таа „животна борба“ даваат пример како луѓето треба да се постават низ бројните предизвици во животот.

За мене таа улога секогаш беше привилегија која ми стои над главата. Секако, не сте секогаш потполно во можност да бидете идеални во своето ооднесување, но се обидувам секогаш да сум свесен за своите гестови и нивното значење. Во тенисот, односите меѓу играчите се многу подиректни во однос на фудбалот и останатите тимски спортови. Ние секојдневно сме упатени еден на друг, тренираме, делиме соблекувални, се подготвуваме за настапи. Буквално се движиме во истите десеетина квадратни метри – и истовремено имаме големо меѓусебно почитување“ – истакна Новак Ѓоковиќ за Telegraf.rs.

Се вчитува...