Ѓоковиќ има болест која животот може да му го направи пекол!?

Познатиот швајцарски стручњак, Јирг Хосли  кој има Институт за нутриционистичка дијагноза, тврди дека поранешниот прв светски рекет, Новак Ѓоковиќ има болест која може животот да му го претвори во пекол. Тој го предупредува српскиот тенисер дека мора да го промени начинот на исхрана.

„Се сеќавам колку му се воодушевував кога го гледав на терен. А, тогаш слушнав за неговиот план целосно да ја смени исхраната и само се запрашав колку ќе издржи. И, еве веќе се гледаат последиците. Тој боледува од орторексија, која навидум делува како здрава исхрана. И токму поради тоа, Новак не е свесен за последиците кои ги остава оваа диета ги остава на него долгорочно“ – вели Хосли.

Орторексија означува состојба во текот на која личноста е опседната со здравата исхрана. Лицата кои боледуваат од орторексија често имаат симптоми на анксиозност кои можат да бидат поврзани со анорексија или со други пореметувања во исхраната.

„Ѓоковиќ е на диета која подразбира избегнување на шеќери, но колку тоа и да изгледа добро, долгорочно е многу штетно за организмот. Со време спортистот чувствува се поголем замор, се развиваат воспаленија, алергии и пад на имунитетот…Не знам какви се неговите нуспојави, но лицата кои боледуваат од тоа, подложни се на стрес, се помалку спијат и на крај може да заспијат само со помош на лекови. Таквите личности знаат да ја загубат поврзаноста со пријателите, да паднат во депресија, па дури и да имаат самоубиствени мисли“ – предупредува швајцарскиот стручњак.

Се вчитува...