Легендарниот тениски ас Бјерн Борг кој остави трага во „белиот спорт“ доминирајќи во втората половина од седумдесеттите години притоа освојувајќи 11 грен-слем титули не ги штедеше зборовите кога станува збор Новак Ѓоковиќ.
Швеѓанецот неодамна имаше шанса да соработува во српскиот тенисер на Лејвер купот, а вели дека има неверојатна глад за освојување на трофеи и соборување на рекорди.
„Ѓоковиќ има неверојатна глад за освојување на најголемите титули. Верувам дека има уште три до пет години на врвнот ниво во кои ќе освои големи резултати. Сака да го собори сите рекорди и сигурен сум дека ќе успее во тоа. Му посакувам се најдобро“, изјави Борг.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

