Новак Ѓоковиќ во разговор за српските медиуми на Австралија Опен говореше на една интересна тема. Србинот беше запрашан дали сега кога е при крајот на кариерата му е подраго што се натпреварува и дружи со помладите колеги кои кон него имаат почит или пак имал желба последните години на теренот да ги помине со најголемите ривали – Рафаел Надал и Роџер Федерер.
Србинот вели и покрај тоа што го цени ривалството со Федерер и поготово Надал, денешниот однос со помладите тенисери му е далеку подраг.
„Не се каам што не ја завршувам кариерата со Федедер и не ми значи многу дали ќе го направам тоа со Надал. Тие се моите најголеми ривали кои ги имав, поготово Надал, за тоа веќе говорев и тоа нема да се промени. Таа количина на енергија вложена во нашето ривалство сите овие години и тоа колку мечеви одигравме еден против друг… тоа не е можно да се надвладее. Не е можно да одиграм 60 мечеви со Алкараз. Тоа не е можно бидејќи тој ќе ја заврши кариерата пред мене“, започна Ѓоковиќ низ смеа.
„Се шегувам. Уживам во ривалството со сите тие момци и имам одличен однос. Алкараз, Медведев, Синер, сите кои се на врвот. Зверев, Циципас. Имам добар однос со сите нив. Ако го споредам односот кој го имав со Федерер и Надал со односот со помладите колеги, сега е многу подобро. Подобар е односот. Уживам навистина“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

