Новак Ѓоковиќ го очекува настап на Ролан Гарос каде ја брка својата 25-гранд-слем титула.
Тој пред неговиот прв меч во Париз говореше за многу работи, но и за феноменалната церемонија која вчера на „Филип Шатрие“ ја доби Рафаел Надал.
„Искрено, вчера размислував и за крајот на мојата кариера, додека го гледав Рафа и го слушав неговиот говор. Особено во тие моменти кога тројцата бевме во собата и чекавме да излеземе, разговарав со Федерер и Мареј за нивните збогувања, нашите ривалства… Се разбира, дел од мене е горд што сè уште сум тука, но јас дефинитивно се трудам. Мислам дека Рафа го заслужи тоа вчера, се разбира, сите сонуваме да бидеме запаметен и да добиеме нешто слично, но генерално, колку беше убав тој моменткога разговаравме на теренот. Секоја чест за Ролан Гарос и за начинот на кој тоа го направија за Рафа“, рече Ѓоковиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

