Марин Чилиќ е победник на силниот турнир во Квинс, кој важи за увертира за Вимблдон, откако хрватскиот тенисер во големото финале се сретна со Новак Ѓоковиќ, по голема битка триумфирајќи со 2-1 во сетови. Ѓоковиќ го играше своето прво финале по пауза од 11 месеци, се наоѓаше на чекор до трофејот, но потфрли во клучните моменти и му овозможи на противникот целосен пресврт.
Првиот сет мина во израмнета битка, а Чилиќ ги пропушти првите брејк-шанси, дури пет, при резултат 3-3. Ѓоковиќ ја чекаше својата шанса за казна и потоа ја искористи кога му се укажа, добивајќи го првиот сет со 7-5. Србинот беше на чекор до трофејот откако во втоиот сет не искористи една меч-топка, а потоа во тајбрејкот поведе со 4-1, но потоа дојде до голем пад во неговата игра, Чилиќ влезе во ритам и славеше со 4-7.
Третиот сет беше израмнет до 3-3, кога Чилиќ врза три гејма во низа и го доби ова финале. Со оваа победа Чилиќ се искачува на петтото место на АТП-листата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА