Андре Агаси и официјално е изборот на Новак Ѓоковиќ за нов тренер, почнувајќи од претстојното издание на Ролан Гарос, кое стартува на 29 мај. Српскиот тенисер на последните турнири настапи без тренер, откако реши да се раздели од целокупниот стручен штаб. По денешниот пораз од Зверев во финалето во Рим, Ѓоковиќ им откри на новинарите дека соработката со Агаси во прв момент е договорена за пократок период.
„Зборував неколку пати со Андре по телефон во последните седмици и се договоривме за заедничка соработка во Париз. Не станува збор за нешто долгорочно, едноставно ќе се запознаеме подобро и ќе видиме како ќе функционираме. Тој нема ниту да остане цел турнир, но ќе биде дел од стручниот штаб за да ги сослушам неговите совети. Андре Агасаи е некој за кого имам извонредна почит и како играч и како човек. Тој во кариерата минал низ сличен период на ова што ми се случува мене, одлично ја познава играта и сигурно ќе ми биде од помош“ – изјави Ѓоковиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА