Ѓоковиќ изедначи рекорд на Рафаел Надал

Новак Ѓоковиќ ја мина првата пречка на Мастерс-турнирот во Мајами, славејќи на дуелот против Ринки Хиџката од Австралија со 2-0 во сетови.

Откако на претходните два турнира беше елиминиран уште во првите мечеви, Ѓоковиќ овојпат беше на посакуваното ниво, стигнувајќи до победа со која дефинитивно ќе ја крене самодовербата пред наредните предизвици во Мајами.

Ѓоковиќ сега има скор од 410-91 и 40 титули на мастерс турнирите, од кои дури шест во Мајами, додека Надал ја заврши кариерата со скор од 410-90, што му донесе 36 титули на Мастерс 1000 турнирите.

Се вчитува...