Новак Ѓоковиќ е вториот финалист на Вимблдон откако по огромна битка успеа да триумфира над првиот носител Рафаел Надал со 3-2 во сетови. Ѓоковиќ за ривал во финалето ќе го има Кевин Андерсон, кој вчера исто така по пет сета славеше над Џон Иснер од САД.
Полуфиналната пресметка меѓу Ѓоковиќ и Надал стартуваше синоќа, а беше прекината околу полноќ при водство на српскиот тенисер со 2-1 во сетови. Надал влезе пофокусирано во денешниот дуел, експресно стигнувајќи до израмнување.
Во решавачкиот сет долго време немаше ниту еден брејк, а Надал може да жали што во две ситуации имаше 15-40, но Ѓоковиќ одговараше со одлични сервиси кога беше најважно. Србинот не искористи меч топка при 8-7, но затоа веќе при наредниот сервис на Надал, Новак Ѓоковиќ одигра извонредно добивајќи го гејмот без загубен поен, за место во финалето.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА