Ѓоковиќ ја објави одлуката што сите со нетрпение ја очекуваа

Новак Ѓоковиќ во драматично финале успеа да го совлада Музети и да се закити со трофејот во Атина, вкупно 101. титула во неверојатната кариера на Србинот.

Веднаш по финалето Ѓоковиќ ја обелодени и одлуката што сите со нетрпение ја очекуваа од него – дали Србинот ќе биде дел од завршниот турнир во Торино што ќе стартува следната седмица. Новак реши да не биде дел од овој елитен собир, а интересно е што неговото место ќе му припадне токму на Музети, кого Ѓоковиќ го победи во финалето во Атина.

„Навистина се радував на натпреварувањето во Торино и можноста да дадам се од себе, но по ова финале во Атина морам да соопштам дека ќе се повлечам поради повредата заработена денеска. Им посакувам на сите играчи турнирот да биде успешен, едвај чекам да се вратам на терените со сите вас“, објави Ѓоковиќ.

Се вчитува...