Новак Ѓоковиќ ја одбрани круната на Мастерс-турнирот во Париз, но и тоа нема да му биде доволно на српскиот тенисер да се задржи на првото место на најновата АТП-листа што ќе биде објавена утре. Србинот во денешното финале го совлада Денис Шаповалов со 2-0 во сетови, но Рафаел Надал и покрај повредата и предаденото полуфинале сепак од утре ќе го има епитетот прворангиран светски тенисер.
Очекувано, Ѓоковиќ доминантно го одигра денешното финале, не дозволувајќи му на Шаповалов ниту за момент да се понадева на изненадување. Тој направи брејк и лесно го доби првиот сет со 6-3, а потоа стигна до брејк и кон средината на вториот сет, рутински триумфирајќи со 6-4.
За Ѓоковиќ ова беше вкупно 34. титула на Мастерс-турнирите, петта во Париз по освоените трофеи во 2009, 2013, 2014 и 2015 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА