Новак Ѓоковиќ ниту со долгата пауза од терените не успеа да ја санира повредата на лакотот што го мачи подолго време. Српскиот ас во последен момент го откажа настапот на ревијалниот турнир во Абу Даби, а денеска обелодени дека нема да може да игра ниту на турнирот во Доха, кој требаше да биде негов прв во 2018 година.
„За жал, ситуацијата со лакотот не се подобри во последните 24 часа. Затоа, принуден сум да го откажам мојот настап во Доха. Мојот став останува ист, да се вратам само кога ќе бидам 100% подготвен за такво нешто, се надевам дека тоа ќе биде случај наскоро“ – порача Ѓоковиќ.
По ваквиот развој на настаните, сега се поголеми се и сомнежите дека Србинот ќе успее да се рехабилитира целосно за настап на Австралија опен, првиот гранслем турнир за 2018 година што ќе стартува на 15 јануари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА