Ѓоковиќ ја прекина серијата порази

Новак Ѓоковиќ ја мина првата пречка на Мастерс-турнирот во Мајами, славејќи на дуелот против Ринки Хиџката од Австралија со 2-0 во сетови. Откако на претходните два турнира беше елиминиран уште во првите мечеви, Ѓоковиќ овојпат беше на посакуваното ниво, стигнувајќи до победа со која дефинитивно ќе ја крене самодовербата пред наредните предизвици во Мајами.

Новак делуваше особено импресивно во првиот сет, во кој доминираше од почеток до крај, славејќи со убедливи 6-0. Австралиецот се врати во ритам во вториот сет, умешно го освојуваше сопствениот сервис, но тајбрејкот мина во знакот на Ѓоковиќ, кој лесно славеше со 7-1 и се пласираше во следната рунда.

Таму српскиот тенисер го очекува пресмета со Аргентинецот Каребели, кој денеска беше подобар од 32. носител Микелсен со 2-1 во сетови.

Ѓоковиќ досега има шест трофеи во Мајами, но последниот го има освоено во 2016 година.

Се вчитува...