Новак Ѓоковиќ имаше триумфален старт на Австралија Опен совладувајќи го ривалот Педро Мартинез и воедно означувајќи ја победата број 100 на првиот грен-слем во сезоната.
Српскиот тенисер не го криеше задоволството од победата, велејќи дека инспирација му е тоа што испишува историја во „белиот спорт“.
„Фантастичен почеток, овој терен ми даде многу во последните дваесетина година, а јас се трудам да вратам. Се надевам дека уживавте“, започна Ѓоковиќ надоврзувајќи се на јубилената победа.
„Што да кажам, фантастично е чувството да стигнеш до „стотка“. Секогаш давам се од себе, испишувањето на историја е голем мотив во последните пет-десет години од мојата кариера. Кога дојдов до таа ситуација, историјата ме инсирираше. Имав среќа што како млад наидов на луѓе што влијаеа да размислувам на долги стази и да го чувам телото за да имам долга кариера“.
DJOKOV💯C#AO26 pic.twitter.com/eCK9GAbnZh
— #AusOpen (@AustralianOpen) January 19, 2026
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

