Ѓоковиќ: Јас не барам проблеми, секој се брани кога ќе биде нападнат

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ по вчерашното осминафинале против Лоренс Мусети во Монте Карло, се осврна и на судирот со публиката.

Некако вообичаено публиката во Франција со свирежи го испраќа секој потег на Ѓоковиќ, па така беше и на вчерашниот дуел при едно убедување на Србинот со судијата.

„Во такви ситуации секогаш се обидувам енергијата да ја претворам во нешто позитивно за мене. Јас не барам проблем со публиката, не излегувам на терен со желба – ајде свирите а јас ќе играм подобро. Не е тој менталитет. Но, ако луѓето почнат да реагираат така како што реагираат, за што мислам дека не заслужувам, мислам дека не е фер, нити може да се објасни, тогаш јас возвраќам. Јас сум израснал на таков менталитет – кога некој ви прави лошо вие да се браните“ – истакна Ѓоковиќ.

Се вчитува...