Ѓоковиќ: Јас сум дете кое го живее својот сон

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се огласи по поразот во финалето на Вимблдон кое го загуби од Карлос Алкараз.

Шпанецот го совлада со 3-0 во сетови за да му го нанесе еден од најтешките порази во кариерата и вторпат по ред го победи во финалето на Вимблдон.

„Тоа не беше резултатот што го посакував. Нивото на тенис што го играв не беше добро и Карлос навистина играше многу добро и е комплетен играч, покажа сè. Се обидов сè, спасив три меч топки и тоа не беше замислено. Целосно заслужена победа и големи честитки до неговиот тим, неговото семејство, вие правите одлична работа… Горд сум на себе и морам да бидам. Очигледно сум малку разочаран во моментов бидејќи разговараме десет минути по натпреварот, но кога ќе се вратам на филмот што се случи во последните 4,5 недели и што поминав, морам да бидам задоволен затоа што отсекогаш ми бил детски сон да играм на централниот терен на Вимблдон и се обидувам да се потсетам колку е нереално чувството да се биде овде иако имам одиграно толку многу натпревари на Вимблдон. Секој пат се чувствувам како како дете што повторно го живее сонот“, изјави Ѓоковиќ. 

Се вчитува...