Ѓоковиќ: Јас сум трагичарот

Во финалето на овогодинешното издание на Дејвис Купот во Малага, ќе играат Италија и Австралија. Австарлиските тенисери ја совладаа Финска со 2-0, а Италија беше подобра од Србија со 2-1.

Новак Ѓоковиќ доживеа два порази во ист ден. Најпрво беше поразен од Јаник Синер, а потоа во пар со Кецмановиќ е поразен од дуото Синер-Сонего.

„Илјада пати сум рекол дека е најголемо задоволство и чест да се игра за Србија. Главата моментално е жешка. Благодарност до тренерот што направија сјајна атмосфера, не бодреа, даваа максимум. Ни недостасуваше една топка, еден удар за финале. Таа топка беше моја и ја преземам одговорност. Јас сум трагичар, што да правам? Така е“, рече Ѓоковиќ.

Се вчитува...