Новак Ѓоковиќ повторно игра во топ-форма, тоа на своја кожа најдобро го почувствува Лукас Пуј, кој за 50 минути беше „исчистен“ од теренот во четвртфиналето од турнирот во Токио.
Српскиот тенисер покажа зошто се наоѓа на врвот на АТП-листата, доминирајќи од почеток до крај, препуштајќи му на ривалот само три гејма. Првиот сет траеше само 20 минути и Ѓоковиќ го доби со 6-1, за потоа Новак да направи два брејка и во вториот сет, добивајќи го со 6-2.
Негов следен противник во полуфиналето ќе биде подобриот од мечот Чунг – Гофан.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА