Ѓоковиќ како феникс: По 0-4 во вториот сет се врати „од пепелта“ и славеше против Циципас!

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во полуфиналето на Летните олимписки игри во Париз, откако во четвртфиналната пресметка славеше во повеќе од драматичен меч против Гркот Циципас со 6-3 и 7-6 (3).

Првиот сет српскиот тенисер го доби без многу проблеми со 6-3, заокружувајќи го со феноменално освоен поен.

А, потоа вистинска драма се случуваше во вториот сет. Уште низ првите гемови Ѓоковиќ проклиза на теренот повредувајќи го оперираното колено поради кое паузираше два месеци, па сето тоа го искористи Циципас поведувајќи во вториот сет со 0-4.

Имаше Гркот и водство од 3-5 и 0-40 со три сет топки во деветтиот гем, но залудно…. Ѓоковиќ како феникс успеа да се врати во игра и го аналураше недостатокот од два брејк-гема, па стигна до тај-брејк. А, во тај-брејкот славеше со 7-3 за место во полуфиналето.

Во полуфиналето Ѓоковиќ ќе игра со Италијанецот Лоренцо Мусети.

Се вчитува...