Ѓоковиќ „казнет“ од организаторите, ќе мора да игра додека трае финалето ЛШ

Организаторите на Ролан Гарос изненадија со одлуката – последниот меч од утрешната програма на францускиот гранслем турнир да му го доделат на Новак Ѓоковиќ, кој во вечерниот термин ќе игра против австралискиот квалификант Филип Мисолиќ.

Проблемот е во тоа што утревечер во 21 часот ќе се игра големото финале во ЛШ меѓу Интер и ПСЖ, а Ѓоковиќ иако голем фудбалски фан, не може да го следи во живо овој спектакл.

За ситуацијата да биде уште потешка за Србинот, арената каде тој ќе игра е нецел километар оддалечена од „Паркот на принцовите“, стадионот на ПСЖ каде за утревечер е организирано заедничко гледање на финалето за над 50.000 фудбалски фанови на „светците“.

Во ситуација кога организаторите имаа избор, јасно е дека српската тениска легенда не заслужи ваков третман од Французите…

Се вчитува...