Ѓоковиќ казнет поради бесправна градба

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ е во спор со градскиот совет на Марбела околу реновирањето на неговата вила во станбениот дел на Сиера Бланка во Шпанија. Како што пренесуваат шпанските медиуми, на 13-ти февруари Новак по втор пат е казнет со 5.000 евра.

Се наведува дека Новак треба да ја достави потребната документација или да урне дел од промените што ги направил во својата куќа.

Градскиот совет на Марбела води спор против Ѓоковиќ од февруари 2024 година, откако, наводно, извршиле реновирање без дозвола кон крајот на 2022 година. Во февруари 2024 година, му беше наредено да ги реши неправилностите во рок од два месеци. После тоа, на 06.08.2024 година му е изречена првата казна од 5.000 евра.

Комисијата во октомври повторно утврдила дека Ѓоковиќ не ја доставил документацијата, па во февруари годинава му наплатила уште 5.000 евра.

Инаку, вилата на Новак вреди повеќе од 10 милиони евра и се наоѓа во ексклузивна област на овој шпански град.

Има дел што може да се легализира, но има и други дејствија кои го прекршуваат законот во однос на висината и бројот на катови.

Се вчитува...