Најголемиот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ откри дека веќе подолго време размислува за тоа како ќе изгледа неговиот живот по крајот на професионалната кариера.
Гостувајќи на подкаст српскиот тенисер изјави дека ќе биде тажен денот кога ќе го остави тенисот зад себе, но и дека се подготвува за транзицијата во животот кој е проблематичен за голем број спортисти.
„Секогаш се обидував да размислувам за работи надвор од тенисот, особено во последните 12-15 години. Слушнав и од тенисери и од спортисти за менталните борби што ги имале по завршувањето на кариерата, особено ако не биле подготвени за таа транзиција. Не мислам дека можете целосно да се подготвите за тоа. Да, ќе биде тажен ден за мене кога ќе го напуштам тенисот, ќе биде многу емотивно, го знам тоа, но она за што зборувам е адреналинот што го носи спортот – тој мора да се пренасочи, да се канализира поинаку.
Ги сакам спортовите и ќе ги играм цел живот, клучно е човек да биде активен. Од друга страна, ми треба предизвик. Тенисот е голем дел од мојот живот, но имам и широки интереси – благосостојбата е моја страст, здрав живот, а тоа е широко поле“, изјави Ѓоковиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

