Ѓоковиќ ќе биде 14.носител на Австралија Опен, Надал главен фаворит

Некогашниот прв светски рекет, српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ е поставен за 14.носител на првиот годинашен гранслем турнир, Отвореното првенство на Австралија кое ќе биде одржано во Мелбурн, од 15.до 28.јануари. По шестмесечната пауза која ја направи за да ја излекува хроничната повреда на лакотот, Ѓоковиќ ќе се обиде да се врати меѓу првите десет на АТП – листата токму со успешен настап на Австралија Опен. Но, тоа нема да му биде нималку лесно, затоа што веќе во осминафиналето ќе се сретне со главните фаворити.

Прв носител е најдобриот светски тенисер во моментот, Рафаел Надал, а веднаш зад него е Роџер Федерер, кој ја брани титулата освоена лани. Меѓу првите пет носители се и Григор Димитров, Александер Зверев и Доминик Тим.

 

Се вчитува...